Викендов, сабота на 17 април со почеток во 10-00 часот на националната арена „Филип Втори Македонски“ се оддржа Националното првенство на Македонија на 10.000 метри. Пријавени беа 37 атлетичари помеѓу кои и нашиот Петре Завировски.
Понатаму продолжува со своите добри настапи, овој пат најдолгата стадионска трка ја мина за 37:00. Ова претставува најдобар резултат во последните три години за нашиот атлетичар. Оваа сезона континуирано трча добро. Да потсетиме имаше одлични настапи на АРМ на 5км и меморијалниот крос Мето на 4км. Сезоната штотуку е започната и може да се очекува вистински бум од Завировски во продолжение од сезоната.
Како што кажа и самиот неговата самодоверба е на високо ниво што претстаува предуслов за добро продолжение на сезоната. Вардарвовиот атлетичар има потврдено свое учество на 10км на „Трката на поезијата“ во Струга и на 21км на „Охрид Трчат“. Во меѓувреме може да се очекува настап и на други трки кои ќе добијата дозвола за оддржување од страна на комисијата за заразни болести.