Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски со одлични резултати во тековната сезона
Завировски со одлични резултати во тековната сезона

Завировски со одлични резултати во тековната сезона

Нашиот, Петре Завировски споредено со сите други сезони во период од јануари до јуни забележа најдобри резултати во кариерата. Со дресот на Комити и Вардар Фанс го претставуваше Вардар на 10 трки годинава.

Започна во февруари на трката на АРМ на 5км со резултат 17:18 минути. Потоа во Кавадарци на 21км беше бронзен со резултат 1:22:22. Во Кочани беше блиску до медал на 10км со 35:54. На националното првенство на 10.000 метри забележа 35:56 тоа е втор негов резултат во кариерата на најдолгата стадионска трка. Во градскиот парк во Скопје имаше одличен полумаратон со време 1:20:58.

dff

Потоа имаше бронзен медал на 3.000 метри со време 09:49. Во Скопје постави личен рекорд на 10км на пат со резултат 35:26. Единствено потфрлање му беше во Струга на 10км со време 36:57. На Kупот на Македонија истрча две одлични трки. 5000 метри 16:50 тоа е негов втор резултат во кариерата. И одново под 10 минути на 3000 метри со време 09:55.