Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика: Завировски ја стартува сезоната со својот 19-ти полумаратон во кариерата!
Атлетика: Завировски ја стартува сезоната со својот 19-ти полумаратон во кариерата!

Атлетика: Завировски ја стартува сезоната со својот 19-ти полумаратон во кариерата!

Вардарецот, Петре Завировски својата премиера оваа сезона ќе ја има на 31.март на традиционалниот полумаратон “Трчаме Кон Целта” кој годинава ке го има своето 13 издание. Завировски оваа зима одработи добри припреми и најавува дека е во одлична форма. Интензитетот на неговите тренинзи беше многу силен.

Настап 2012 година

Настап 2012 година

Со право Вардарецот најавува атак и соборување на неговиот најдобар резултат на оваа делница од 21.097км кој изнесува 1:17:10 постигнат во Подгорица 2016г. Стартот е закажан за Сабота 31 Март кај мостот Близнак. Патеката е лиценцирана и поседува насионален сертификат. Се трчаат три круга од мостот Близнак до хотелот Ходејин и назад по асфалтниот дел од кејот на реката Вардар. Во минатото Завировски има три настапи на овој полумаратон. Секогаш бележел добри настапи. Да се потсетиме во 2012г тогаш како 18 гоишно момче го трчаше својот втор полумаратон и истрча време од 1:35:32 минути. Тогаш тоа беше подобрување на неговиот резултат за 20 минути во однос на 2011г кога прв пат се појави на оваа делница но тогаш на Скопскиот маратон. Следната 2013 година за прв пат во кариерата трчаше полумаратон под 1:30.

Настап 2013 година

Настап 2013 година

Поточно постигна резултат 1:25:31 минути како 19 годишно момче. Тогаш го подобри своето време за 8 минути. По пауза од три години на оваа трка одново се појави во 2016 година. Тогаш истрча резултат од 1:19:50 што претставува 8 најдобро време во неговата кариера во оваа дисциплина каде досега има настапено на 18 полумратони. Во сабот 31март со почеток од 9:00 часот ке го трча својот 19 полумаратон во кариерата. Прекрасни спомени за Вардарецот!

444

Настап 2016 година