Викендов на програмата во Македонската кугларска лига е претпоследното, 14.коло од домашниот шампионат. Во истото требаше да се одигра дуелот помеѓу КК Вардар како домаќин и екипата на шампионот, КК Макпетрол како гостин. Натпреварот кој денес требаше да се игра во кугланата “ВИП“ при С.Ц “Борис Трајковски“ по договор на двата клуба е одложен за идната недела.
Натпреварот помеѓу лидерот на табелата, тимот на “пумпашите“ и нашиот црвено-цен колектив кој влегува како второпласиран во овој дуел најверојатно ќе се игра во четврток, 21.март.