Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Лино Червар го објави списокот од 18 ракометари, на кои ќе смета за претстојните пријателски натпревари против Шведска, во рамките на ЕХФ неделата. Хрватска на 5 и 7-ми април силите ќе ги одмери со селекцијата на Шведска, на која ќе има можност да и врати за поразот од Европското првенство кое се одигра токму во Хрватска, на кое домаќинот во главната рунда загуби токму од Шведска, пораз кој во продолжение од натпреварувањето се покажа како клучен за раната елиминација.
За овие натпревари се повикани и двајцата играчи на Вардар, се работи за Игор Карачиќ и Лука Циндриќ, додека Иван Чупиќ веќе стави крај на репрезентативната кариера и во иднина ќе се посвети само на настапите во Вардар.