Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски одново на победничкиот подиум на “City park night“, Мартиновски петти

АТЛЕТИКА! Завировски одново на победничкиот подиум на “City park night“, Мартиновски петти

Петре Завировски одново се најде на победничиот подиум. Втора година по ред финишира како второ пласиран на полумаратонската трка City park night. На катастрофални временски услови поради големата влажност на воздухот и силниот дожд во вториот дел од трката натпреварувачите беа оневозможени да постигнат подобри резултати.

srede

Црвено-рниот атлетичар истрча сосема добро со резултат 1:20:57 што беше доволно да се најде одново на втората позиција. Минатата година Завировски исто така беше второ пласиран со резултат 1:25:26. По една година се гледа неговиот напредок бидејќи на истата дистанца успеа да го подобри своето време за речеси пет минути што само покажува дека квалитетно има работено во последниот период на својата подготовка. Следен предизвик за овој вардарец е  полумаратон, тој  на  “Поштенскиот маратон“ кој ќе се трча во градот Прилеп, истиот е закажан за на  9-ти октомври.

trpe

Вреди да се одбележи тоа што легендарниот Трпе Мартиновски и во 6-тата деценија од животот сеуште е на натпреварувачко ниво и во два дена истрча две екстремни дисциплини. Тој на 8-ми септември во Охрид со резултат 2:08 на пеколната 30 километарска делница од СВ Наум до Охрид финишираше како 9-то пласиран. Тренерот на вардарци на City park night финишираше на 5-тата позиција со одличен резултат 1:29:57.