Бобан Николов на вчерашното гостување кај Македонија Ѓорче Петров не беше стартер, тој во 63 минута влезе во игра на место на Јасир Асани и направи разлика на теренот. Николов учестуваше во сите три гола со кој го скршивме отпорот на домаќините. Беше стрелец на еден и асистент на останатите два погодока во овој меч од петтото коло во првата лига. Токму од него побаравме мислење за овој дуел по кој избивме на врвот од табелата во домашниот шампионат, тој вели:
-Натпреварот со Македонија Ѓ.П беше тежок, иако конечниот резултат не го говори тоа. Целта ни беше што побргу да постигнеме гол и да го отвориме резултатот. Тоа се случи при крајот на првото полувреме и беше многу значајно што на одмор заминавме со предност. Вториот дел го одигравме многу добро, головите дојдоа и веќе беше се полесно. Задоволен сум од играта на екипата, на секој натпревар ја креваме нашата форма и сигурен сум дека нема да застанеме тука. Одиме чекор по чекор, секој напревар и противник е различен, но ние секогаш одиме на три бода, изјави Бобан Николов за нашиот сајт.
Звонко Ивановски