Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Петре Завировски: Задоволен сум од настапот на “Трчаме кон целта”, следен таргет е “Скопски маратон“
Петре Завировски: Задоволен сум од настапот на “Трчаме кон целта”, следен таргет е “Скопски маратон“

Петре Завировски: Задоволен сум од настапот на “Трчаме кон целта”, следен таргет е “Скопски маратон“

Најмадиот и перспективен вардарец, Петре Завировски изминатиот викенд го истрча својот 19-ти полумаратон во кариерата. Членот на црвено-црниот атлетски колектив  истиот го финишираше со резултат кој е под неговите можности, на целта мина со време  1:22:26 минути.  Сепак поради одредени проблеми во подготвителниот период со болеста тоа е максимумот во овој момент.  Со ова време  Завировски се  пласираше на 9-тото место на 13-тото издание на традиционалниот полумаратон “Трчаме кон целта“. Тоа е сосема одличен настап, во продолжение разговатаме со македонскиот атлетски репрезенативец и член на АК Вардар за оваа измината трка.
3f
Пред било што да кажам. Сакам од се срце да и се заблагодарам на најзначајната поддршка која ја добив пред, за време на целата трка и по нејзиното завршување. Кризата беше голема без поддршката немаше да го издржам тоа, голем психички имплус добив поради истата што е значајно за атлетиката. “Трчаме Кон Целта” трка која традиционално ги привлекува најдобрите домашни атлетичари. Конкуренцијата овој пат беше сила и паднаа два добри резултати во машка и два во женска конкуренција. Честитки за нив и сите кои настапија. Јас истрчав според моите очекувања за оваа трка. Почетокот на базата беше добар. Но потоа во февруари имав грип и воопшто не тренирав. Тоа се одлучивме да не го споменеме јавно пред трката. Со само 4 недели тренинг настапив и дадов се од себе. Резултатот е под моите можности, но сум задоволен бидејки изгинав дадов се од себе. Тоа беше максимумот.
Кој е следен предизвик на кој се насочува Зафировски во оваа сезона, какви се жалбите и очекувањата од истиот. Покрај тоа зборуваме со него и за хроничкиот проглем што го има со едното од колената.
2
Следно најверојатно ке биде Скопскиот Маратон. Но, она што ме плаши е хроничниот проблем со коленото. Болката повторно се појавува. Се надевам по секоја цена ќе издржи до крај да ги одработам подготовките и да го истрчам Скопскиот Маратон. Потоа ќе видиме што понатаму. Неколку пати со специјалистите се одлучувавме за подолга пауза што делумно краткорочно даваше ефект. Но проблемот повторно се појавува веќе континуирано 4 сезони. Поради што воопшто не се чувствувам добро. Се надевам оваа повреда ќе биде минато. Имам простор за да направам добар резултат. Ќе дадам се од себе, останатото е божја работа.

 Скопскиот Маратон е голем предизвик за било кој атлетичар, најмасовен и најдобро организиран настан, нашето момче ни соопштува како се подготвува за истиот и кој е во тимот кој му помага.

1q

До “Скопскиот Маратон“ имам уште еден месец. Сосема доволно време за добра подготовка. Да се поврати брзината и издржливоста. Имам добар тим зад себе. Тренирам со светскиот шампион Тони Насковски. Имаме одлична стратегија добро се одвива се. Ја имам и најдобрата поддршка која многу ми значи, која се надевам ќе биде мотивација плус за добар резултат на најпрестижната трка во републиката. Истата ми дава посебна енергија и мотив. Маратонот е само една голема опасна игра во која уживам со мојата поддршка.
Ви благодарам!
Михајло Тушевски