Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пет меча на три фронта за РК Вардар во една недела
Пет меча на три фронта за РК Вардар во една недела

Пет меча на три фронта за РК Вардар во една недела

Европскиот, регионалниот и македонски  првак, ракометниот клуб  Вардар го очекува  натрупан распоред. Момците на Раул Гонзалез треба да одиграат пет меча за една недела на три различни фронта. Вардарци ги очекуваат два дуела во регионаланта лига, поточно Ф-4 во СЕХА, потоа два меча во домашната и четвртфинално гостување во европската лига.

Tие се исправени пред предизвик да ги бранат четирите титули освоени од минатата сезона.  На 13 и 15.април се игра СЕХА полуфиналето и финалето во “Јане Сандански“. Потоа во понеделникот (16 април) ги очекува меч од  плеј-офот против Пелистер во спортската сала „Младост“. Според распоредот  два дена подоцна  (18 април) вардарци  гостуваат кај РК Пролет, а на крајот останува она можеби најважното, меч од елитната лига во   „Шпаркасе арената“ кај  Кил (21 април). Начелно ова е распоредот иако е можно еден од двата домашни дуела да се презакаже за поповолен термин, сепак засега нема таква информација.