Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Видео Петре Завировски мотивација за Скопски маратон
АТЛЕТИКА! Видео Петре Завировски мотивација за Скопски маратон

АТЛЕТИКА! Видео Петре Завировски мотивација за Скопски маратон

Оваа недела на  8.мај, недела со почеток во 8:45 часот по 12 пат ќе се одржи Виз Ер Скопскиот Маратон. Според очекувањата се очекува да настапат преку 10.000 тркачи поделени во 4 дисциплини од преку 50 земји од целиот свет. Очекувано главна ќе биде маратонската трка на 42.195км, полумаратон 21.097км, потоа следи штафетниот маратон и трката на 5км која е наменета за рекреативци и атлетичари кои настапуваат на кратки и средни патеки. Петре Завировски  ќе го трча својот 13 полумаратон во кариерата, тој зад себе има два настапи на 30км во Охрид и два маратони 42км. Негов најдобар резултат на полумаратон е 1:17:35 истрчан пред две години во Драч на балканското првенство во полумаратон. Завировски ќе го напаѓа својот најдобар резултат. За Скопски тој  кратко ни изјави:

  • “Имам не наплатен долг на Скопски маратон. Пред 2 години не трчав поради повреда. Мината година се откажа Маратонот. Оваа година не смее да лизне без борба резултатот.

Во продолжение погледнете го мотивациското видео за овој наш црвено-црн атлетичар кој ќе се обиде да даде се од себе и да оствари поволен личен резулат.