Согласно календарот на Атлетската Федерација на Македонија, во недела на 23 април 2017 година ќе се организира меѓународен атлетски митинг “Отварање на сезоната”. Со што и официјално започнуваат натпреварите на атлетска патека. Настанот ќе се одржи на Телеком Арената во Скопје.
Натпреварот е од меѓународен карактер. Натпреварите ќе се одржат во следните дисциплини Мажи: 400м пречки, 100м, 400м, 800м, 3000м, ѓуле, диск, копје, далечина, височина. Жени:100м пречки, 100м, 400м, 800м, 2000м, ѓуле, диск , далечина, височина.
Свое учество ќе земе нашиот атлетичар Петре Завировски. Вардаровиот атлетичар ќе настапи на трката на 3.000 метри каде што ќе се обиде да го подобри својот најдобар резултат во оваа дисциплина кој изнесува 9:32 истрчан минатата сезозна во Септември. Завировски последен пат оваа сезона настапи на Gazi Baba XC Challenge пред околу месец и половина. Од тогаш младиот Вардарец нема настап. Неговите последни тренинзи се добар индикатор дека ќе успее да го подобри својот резултат. Завировски ќе настапи во недела со почеток од 15:10 часот на Телеком Арената во Скопје. Очекуваме како што истиот не навикна на високи резултати да блесне повторно црвено-црното момче и на оваа трка.