Thursday ,09 December 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Гонзалес на првиот список како селектор повика четири црвено-црни момци
Гонзалес на првиот список како селектор повика четири црвено-црни момци

Гонзалес на првиот список како селектор повика четири црвено-црни момци

Тренерот на РК Вардар и нов селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес го објави поширокиот список за квалификациските натпревари против Исланд за пласман на Европското првенство во Република  Хрватска. Ова е прв список откако шпанецот седна на кормилото, на истиот се најдоа четири црвено-црни ракометари три од помладиот сениорски состав и капитенот на РК Вардар пикерот Стојанче Стоилов.

Гонзалес ги повика следните имиња : Борко Ристовски (Барселона), Мартин Томовски (Металург), Дејан Манасков (Рајн Некар), Гоце Ојлески (Одорхеи), Гоце Георгиевски (Букурешт), Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Марковски (Орошази), Филип Лазаров (Универзитатеа), Аце Јоновски (Бергишер), Немања Прибак (Бешикташ), Жарко Пешевски (Металург), Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Филип Талевски (Рајн Некар), Филип Кузмановски (Металург), Велко Маркоски (Загреб), Мартин Поповски (Вардар Ј.), Филип Миркуловски (Вецлар), Никола Митревски (Бенфика), Марко Нелоски (Металург), Мартин Валковски (Металург), Никола Крстески (Металург), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Дарко Димитревски (Борец), Константин Петров (Металург), Кирил Колев (Пелистер), Владо Недановски (Вардар Јуниор) и Даниел Ѓорѓески (Вардар Јуниор).