Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Во недела, кадетско и младинско фудбалско дерби помеѓу Работнички и Вардар

Во недела, кадетско и младинско фудбалско дерби помеѓу Работнички и Вардар

Во недела своето 18 првенствено коло ќе го одиграат кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар. Тие ќе гостуваат на Работнички, а натпреварите ќе се одиграат во недела на теренот на Алумина. Овој викенд нема да има настапи за пионерските екипи, поради репрезентативни обврски.

Можеби најважниот натпревар за Вардаровите кадети е дуелот со Работнички во недела, кој започнува од 10 часот. Овие две екипи се борат за шампионската титула, а противникот има четири бода повеќе на табелата. На првиот натпревар одигран во есенскиот дел, екипата на Работнички славеше со резултат 1:2. Тогаш Вардар поведе со голот на Александар Трајчевски, но гостите до крајот направија комплетен пресврт, освојувајќи ги трите бодови. Избраниците на Колев се наоѓаат во добра форма, забележувајќи пет победи и еден нерешен резултат во пролетниот дел од сезоната. Работнички е во поволна ситуација и заради домашниот терен и поради бодовната предност. Триуфм на домашниот тим ќе значи титула, додека и нерешен резултат оди во полза на противникот. За Вардар успех ќе биде само победа и освојување на трите бода, со кои би донеле неизвесна завршница за првото место.

Во недела се игра и младинското дерби помеѓу овие две екипи. Важен натпревар пред се за екипата на Вардар, која е во грчевита борба за титулата со тимот на Шкендија, кои имаат еднаков број на освоени бодови. Работнички е далеку од врвот и без никакви шанси да се вмеша во борбата за титулата. Во есенскиот дел, црвено-црните победија минимално со 1:0, со голот на Александар Најдоски. Само победа е во прашање за нашите младинци, со која би ги зголемиле шансите за трофејот. Секој изгубен бод до крајот, ќе значи чекор поназад кон освојување на прваа позиција. Натпреварот со Работнички на теренот на алумина започнува од 12 часот.