Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци заминаа во освојување на Фленсбург, првата битка ќе започне во сабота

Вардарци заминаа во освојување на Фленсбург, првата битка ќе започне во сабота

Екипата на РК Вардар замина за Германија, каде во сабота го игра првиот четвртфинален меч во ЛШ против екипата на Фленсбург. Вардарци се можеби пред најголемиот предизвик оваа сезона, тоа се токму двата натпревари против силниот бундеслигаш. Претходните три сезони за “влакно“ ни бегаше завршниот турнир, кога со минимална разлика ги губевме двомечевите со противниците.

17951470_10155634111920348_1220911086802891246_n

Сега се надеваме на поинаква ситуација за нашиот шампион, кој има уште поголем мотив за победа над Фленсбург, кој пред три сезони не елиминираше за еден погодок. Црвено-црните се подготвени за оваа битка која ќе трае 120 минути, а првата ќе започне во сабота на противничкиот терен, со почеток од 17:30 часот. Реваншот се игра следниот четврток во Јане Сандански.