Нашите две црвено-црни ракометни екипи во женска конкуренција, тимовите на ЖРК Вардар и Вардар СЦЈС ќе играат меѓусебе во четвртфиналето на Купот на Република Македонија. Ждрепката сакаше нашите екипи да бидат ривали во фазата на елиминации во ова натпреварување.
“Сестринскиот дуел“ на програмата е денес со почеток од 17:00 часот. Истиот ќе се одигра во големата сала на “Јане Сандански”-Скопје. Влезот е слободен на овој натпревар, во истиот првиот тим е огромен фаворит за пласман понатака. Победникот ќе игра на завршниот турнир во мај, црвено-црниот состав на Дибирова е бранител на пехарот во Купот. Покрај нас во оваа фаза се играат уште три дуели, двојките во истите се следни:
- Гевгелија – Овче Поле
- Куманово – Металург
- Прилеп – Пелистер