Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! 18-тиот полумаратон во кариерата Завировски ке го трча во Подгорица
Атлетика! 18-тиот полумаратон во кариерата Завировски ке го трча во Подгорица

Атлетика! 18-тиот полумаратон во кариерата Завировски ке го трча во Подгорица

 Во Недела 29 Октомври по 24 пат ке се одржи Подгоричкиот маратон. Речиси цела деценија наназад во соработка со Скопскиот маратон се организира бесплатен превоз и сместување за 50тина маратонци од Македонија. Четврта година по ред свој настап ке има Вардарецот Петре Завировски.

Како краток рекапитулар на неговите претходни настапи. Во 2014г Завировски истрча 1:23:10. Во 2015г Завировски 21 километарската патека ја мина за 1:19:24. Додека минатата 2016г ја забележа својата најбрза трка во кариерата со резултат 1:17:10. Својот прв полумаратон Вардарецот го истрча во 2011г на Скопскиот маратон. Додека својата прва победа на полумаратон ја имаше минатата година во Градскиот Парк во Скопје на маратонот на себенадминување со резултат 1:17:29. Претходно два пати беше сребрен на City Park Night. Во Недела се очекува добар настап на Вардарецот!