Атлетичарот на Вардар младиот Петре Завировски тргна одлично во новата 2017 година. На 18-ти фебруари, сабота на кејот на реката Вардар се одржа првата трка оваа сезона од Најк лигата во трчање. Стартот беше “Кај жабарот“ се трчаше до хотелот Александар Палас и назад до Жабарот кај што беше финишот. Нашиот вардарец истрча феноменално на оваа трка.
Тој покажа дека одличните резултати од втората половина на минатата година воопшто не беа случајност. Петре работеше жестоко ова зима и покрај крајно неповолните временски услови, таа пожртвуваност вроди со плод веќе на првата трка во оваа година. Тој за втор пат зема учество во овој серијал на натпревари во “Најк лигата во трчање“. Викендов настапија на трката над шеесет љубители на трчањето. Завировски одново со фантастичен перформанс убедливо победи. Со најбрзи 5000 метри на улична трка во кариерата. Неговиот резултат изнесува 17:00 минути. За потсетување во октомври на истата патека беше прв со време 17:03 минути кое сега го намали за три секунди. Вториот натпреварувач доцнеше зад нашето момче 1:34, (фото) апак третиот речиси две минути односно 1:51.
Вардаровото момче пеколго гази кон врвот, неговата форма е застрашувачки одлична. Следна прилика да го покаже квалитетот и одличната подготовеност ќе има наскоро веќе на 5-ти март на крос-кантри трката во парк шумата “Гази Баба“ во Скопје. Трка во која во изминатите две години завршуваше на пиедесталот, во следнава ќе го нападне врвот и ќе атакува на “злато“.