Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Професионално “до коска“, Завировски со победа на денот па замина на венчавката на својата сестра (ФОТО)
АТЛЕТИКА! Професионално “до коска“, Завировски со победа на денот па замина на венчавката  на својата сестра (ФОТО)

АТЛЕТИКА! Професионално “до коска“, Завировски со победа на денот па замина на венчавката на својата сестра (ФОТО)

На 15 Октомври Сабота на кејот на реката Вардар се одржа 11 трка од Најк лигата во трчање. Стартот беше “Кај жабарот“ се трчаше до хотелот Александар Палас и назад до Жабарот кај што беше финишот.

p2 p1

За прв пат во овој серијал на натпревари настапи Петре Завировски. Настапија околу 100 љубители на трчањето. Завировски одново со фантастичен перформанс убедливо победи. Со најбрзи 5000 метри на улична трка во кариерата. Неговиот резултат изнесува 17:03 минути. Завировски вистински професионалец. Во истиот ден беше и венчавката на неговата сестра. Но и покрај тоа тој професионално ја одработи својата работа. Убедливо победи, потоа замина на венчавка кај својата сестра.

p4

Спортот не трпи никакви импровизации. Бара многу многу работа, многу трпение, огромен влог, откажување од многу задоволства.. А резултатите кога тогаш ќе дојдат. Завировски Петре за оваа кратко изјави:

На денот на венчавката на мојата сестра. Професионално ја одработив мојата работа. Нова победа со нова најбрза трка во мојата кариера. 5км улична, за 17:03 минути.Меѓу другото јас сум професионалец и воопшто не ме интересира кој е организатор на трката и какви приватни односи имам со организаторите. Единствено ми е важно трката да се вклопи во мојот календар. Работам паметно, а тоа го докажуваат натпреварите од оваа сезона. Каде што сум ноќна мора за конкуренцијата.

Се надевам еден ден ќе постанам Олимписки тркач!

p3