Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Традиционалниот полумаратон“ Трчаме кон Целта 2016„ следен предизвик за Завировски
АТЛЕТИКА! Традиционалниот полумаратон“ Трчаме кон Целта 2016„ следен предизвик за Завировски

АТЛЕТИКА! Традиционалниот полумаратон“ Трчаме кон Целта 2016„ следен предизвик за Завировски

На 9 Април по 11-ти пат ќе се организира традиционалниот полумаратон “Трчаме кон Целта 2016“. Патеката на оваа трка е лиценцирана и има национален сертификат, истата  точно е измерена и за полумаратон и за 5км. На истата ќе земе учество и нашиот атлетичар од црвено-црниот атлетски колектив Петре Завировски.

На Петре  оваа патека му “лежи“ отсекогаш имал одлични трки на истата, тој по две години нетрчање се враќа на оваа полумаратонска-делница, последен пат Завировски трчаше во 2013 година. Петре влегува во одличен ритам оваа година тој истрча личен рекорд и го освои одличното 4.место на  Gazi Baba XC Challenge ’16”,. Тој на оваа трка која се трчаше во Парк Шумата “Гази Баба“ истрча рекордно за него одлично време  26:18. Тој зема учество и на  Национално првенство кое се одржа во  Скопје на  Кејот на реката Вардар, градски парк и  мостот позади забавен парк,  на   патека која  беше кружна. Петре  овде беше учесник  во натпреварувањето за атлетичари до 23 години, и со одлично време  27:30  успеа да го освои второто  место.