Пред одигрување на полуфиналните натпревари во сега-лигата беше избран идеалниот тим за оваа сезона. Во најдобрите седум се најдоа и тројца ракометари од редовите на Вардар.
Позицијата лево крило е резервирана за Тимур Дибиров кој ги победи во изборот Радослав Антл и Кристијан Угалде од екипата на Веспрем. Арпад Штербик е најдобар голман оваа сезона во сега лигата. Пред себе ги остави Роланд Миклер и Филип Ивиќ. Добрата сезона Илија Абутовиќ ја круниса со признанието за најдобар одбранбен играч. Во потесниот избор за најдобри на своите позиции се најдоа уште и Игор Карачиќ кој го освои второто место после Шпанскиот репрезентативец Чема Родригес. Златко Хорват е најдобро десно крило, а Данил Шишкарев беше трет на оваа позиција според добиените гласови. Растко Стојковиќ е најдобар пикер пред Андреас Нилсон и Алем Тоскиќ и Момир Илиќ како најдобар лев бек кој го победи Сергеј Горбок. Ласло Наѓ е најдобар десен бек, додека Алекс Душеабев е на третото место според гласовите.
За најдобар тренер е прогласен Веселин Вујовиќ, пред Раул Гонзалес.