Во сабота со почеток во 10-00 часот на кејот на реката Вардар во близина на арената Филип Втори Македонски атлетската федерација на Македонија ќе го организира националното првенство во крос кантри. На програмата се натпревари во сите возрасни категории.
Нашиот атлетичар, Петре Завировски ќе настапи во сениорска конкуренција на патеката долга 10км. Во тековната сезона вардарецот настапи на речиси сите трки кои се организираат кај нас. Неговата форма е добра, бележи забележителни резултати. Во сабота можеме да очекуваме нова добра трка на Вардарецот.