Утре продолжуваат со настапи фудбалерите на Вардар. По победата над Кадино, вардарци утре ќе го пречекаат тимот на ГФК Охрид, кој во овој момент е последен на табелата.
На дуелот утре во Маџари, главен судија ќе биде Бартон Јосип од Скопје. Ќе му помагаат Јовчевски Дарко и Идризи Идриз од Тетово, додека пак четврти судија ќе биде Салихи Пларент исто така од Тетово.
Дуелот утре во Маџари ќе започне со почеток од 14.00 часот.