ФК Вардар утре ги продолжува настапите во Втората македонска фудбалска лига – Запад. Утре од 14 часот во Маџари вардарци го пречекуваат тимот на ГФК Охрид, кој во овој момент игра доста лошо, неодамна смени тренер и се наоѓа на последната позиција на табелата со само три освоени бода.
Утре во Маџари не очекува интересен дуел, но повеќе на трибините, бидејќи во Скопје присуство најавија и навивачите од Охрид, популарните ,,Рибари”. Од друга страна, за овој дуел веќе неколку денови се подготвуваат и ,,Комитите”, кои на последниот натпревар во Кадино беа во огромен број.
Нека има утре супер спортска атмосфера од трибините и нека победи подобриот тим на теренот. Билетите за овој дуел се по цена од 100 денари. Собирот за навивачите на Вардар ќе биде кај Кино Маџари од 12:00 часот.