По повод „11 Ноември-ден на ослободувањето на град Куманово„ низ улиците во централното градско подрачје се одржа улична трка. На петека нешто пократка од 5км (4.750 метри) Вардарецот оствари одличен резултат 15:53 минути. Или тоа е ритам од 3:20 минути по километар. Во многу силна конкуренција составена од моментално најдобрите атлетичари во Македонија и гостинот од Бугарија Иво Балабанов кој е еден од најдобрите во Европа нашиот атлетичар Петре Завировски го освои 8 место.
Вреди да се напомене дека од 5-тото до 10-тото место разликата беше многу мала 10-тина секунди. 4-то пласираниот на оваа група и избега 20тина секунди. Ова е една од најнезивесните трки и најизедначени во последниот период. Сепак Вардарецот одлично се носеше со силната конкуренција. Следен негов настап ке биде во Недела низ Скопските улици на уште една ноќна атлетска трка по повод ослободувањето на град Скопје