Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Видео од сезоната 2016 на вардарeцот Завировски Петре
АТЛЕТИКА! Видео од сезоната 2016 на вардарeцот Завировски Петре

АТЛЕТИКА! Видео од сезоната 2016 на вардарeцот Завировски Петре

Петре  е млад атлетичар дел од АК Вардар, кој ги брани црвено-црните бои. За него  некои мислеа дека е слабо до средно талентиран за овој спорт, дека ќе биде просечен и незабележителен атлетичар. Долго се трудеше, но успехот секад беше чекор пред него. Сепак тој има една неверојатна карактеристика упорен е како лав, вредно работи на себе како мравка, и не се одкажува. Додека сите одмараа летото и користеа одмори, посетуваа плажи тој неуморно трчаше, вежбаше. Дојде есента Завировски “есплодираше“ , сите други на трките го гледаа неговиот грб, ја голтаа прашината од неговиот галоп, галоп кон врвот. Се победи првин себеси, полека почнува да се насетува олимписки мирис…