Момците на Раул Гонзалес во сабота ќе го одиграат последниот официјален меч во оваа 2016 година. Станува збор за натпревар од СЕХА Регионалната лига кој ќе го одиграме во гости. Мечот ќе се игра во сабота, на 17.12.2016 година. Наш противник во ова натпреварување ќе биде екипата на Мешков Брест.
Македонската радио и телевизија на мечот кој ќе се игра со почеток во 15 часот и 30 минути ќе врши директен пренос. Државната телевизија ќе го пренесува овој меч на првиот програмски канал со коментар на Златко Калински.