Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски како “тајфун” се посилен, со нов најдобар резултат во кариерата постигнат во Подгорица
АТЛЕТИКА! Завировски како “тајфун” се посилен, со нов најдобар резултат во кариерата постигнат во Подгорица

АТЛЕТИКА! Завировски како “тајфун” се посилен, со нов најдобар резултат во кариерата постигнат во Подгорица

Младиот Вардаров атлетичар Петре Завировски незнае за доста. Викендов Недела, 30 Октомври во Подгорица се одржа 23 издание на Подгоричкиот маратон. Младиот и надежен Вардарец Петре Завировски настапи на полумаратонската трка. Во склоп на подгоричкиот полумаратон се одржа и Балканското првенство во полумаратон.

Со што најдобрите полумаратонци од Балканот беа присутни на овој настан. Свое учество земаа и елитни атлетичари од Кенија и 50тина натпреварувачи од Македонија меѓу кои и најдобрите. Младиот Вардарец дрско се носеше рамо до рамо со големите. Во една пеколна конкуренција Завировски одново забележа најдобар резултат на полумаратон во кариерата. Овој пат патеката долга 21.097 километри ја мина за 1:17:10 минути и за 19 секунди го подобри своето време на полумаратон. Со овој резултат Вардарецот се пласираше на третата позиција меѓу Македонците. Вреди да се напомене дека во завршните 200 метри во финиш дуел Завировски го доби атлетичарот Димитар Илиев кој го победи нашиот атлетичар на City park night 21′. Во апсолутна категорија Завировски меѓу најдобрите Балкански полумаратонци и елитната стартна линија од Кенија финишираше на 16 позиција.

Тројцата вардарци кој настапија во Подгорица. Мартиновски-Завировски- Јакимоски

Тројцата вардарци кој настапија во Подгорица. Мартиновски-Завировски- Јакимоски

Во Подгорица од АК Вардар настапија и Трпе Мартиновски и Влатко Јакимоски, кои трчаа на маратонската трка во должина од над 42.000 метри. Легендата на македонската атлетика Мариновски имаше време од 3 часа и 3 минути и беше 15 пласиран. Човекот кој е навлезен во одмината фаза од животот сеуште е неприосновен финишер на овие делници. Влатко Јакимоски  го трчаше својот дебитански маратон. За прв пат  ја соборуваше оваа пеколна дисциплина која представува врв на олимпизмот и човештвото. Тој успеа да финишита на 88 позиција со време од 4:10 часа. Сепак овој собир во Подгорица остана запомнет по одличниот настап на Петре кој се надминува од трка во трка и незапирливо граби кон атлетичарските височини.