Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски се врати на големата сцена со резултат на кариерата!
Атлетика! Завировски се врати на големата сцена со резултат на кариерата!

Атлетика! Завировски се врати на големата сцена со резултат на кариерата!

Вчера на патеката од 10км на  прво издание на “SkopjeRun10″ во организација на “Скопски Маратон” настапија неколку момци од АК Вардар. Оваа трка дефинитивно од нив ја одбележа Петре Завировски со одличен перформанс на вчерашната трка, конечно тој е оној стариот, оној кој гази.

pp3

На булеварот Илинденска експлодираше нашиот Вардарев Петре Завировски. Во пеколна конкуренција составена од најдобрите домашни атлетичари и огромна масовност со близу 1000 тркачи Петре Завировски ја истрча најдобрата трка во кариерата на 10км. Вардарецот е назад на големата сцена со фантастичен перформанс. Со резултат 35:30 го освои 5 место (4 помеѓу Македонците).

pp9

Ова е одлична најава за продолжението од сезоната каде Завировски сеуште го нема кажано последниот збор. Кризата дефинитивно е минато кај него, очекуваме во продолжение од сезоната напад на самиот врв, тој покажа дека формата е променлива ама класта е вечна.