Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Пинг понг: Вардар како лидер го заврши регуларниот дел, во плеј-офот ќе има фаворитска улога
Пинг понг: Вардар како лидер го заврши регуларниот дел, во плеј-офот ќе има  фаворитска улога

Пинг понг: Вардар како лидер го заврши регуларниот дел, во плеј-офот ќе има фаворитска улога

Со натпреварите од четиринаесетото коло во двете најсилни лиги во пинг понг, заврши регуларниот дел од првенството.

Минатогодишниот шампион Вардар ја оправда фаворитската улога и го освои првото место на табелата обезбедувајќи си ја најповолната позиција за плеј-оф натпреварите, каде што учествуваат првите четири екипи. Вардар во директен дуел со Младост во последното коло остана на првото место на табелата.Покрај Вардар, учество во плеј-офот обезбедија екипите на Младост, Телеком НЕЦ и Младост 96. Полуфиналните двојки во плеј-офот ги сочинуваат: Вардар – Младост 96 и Младост – Телеком НЕЦ

Вардар во натпреварот со Младост 96 ќе има предност од 1:0 поради двете победи во регуларниот дел од сезоната. Победник е екипата која прва ќе стигне до две победи.На Вардар потребна му е една победа за учество во финалето на плеј -офот. Телеком НЕЦ и Младост тргнуваат од нула,  двете екипи една против друга забележаа по една победа во регуларниот дел од сезоната.Лигата ја напушта екипата на Мултитекс, додека екипата на УГД преку бараж натпревар со второпласираната екипа од првата лига ќе се обиде и за следната сезона да го обезбеди суперлигашкиот статус.

Резултати од Супер Лига, 14 коло:

Телеком НЕЦ – Шампион ФА 4:3
Мултитекс – Работнички 0:4 (службено)
Вардар – Младост 4:2
Младост 96 – УГД 4:0

Пласман во Супер лига:

Вардар 27
Младост 25
Телеком НЕЦ 24
Младост 96 24
Шампион ФА 19
Работнички 19
УГД 16
Мултитекс (-1) 13