Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар Јуниор профитираше на плеј-аут табелата, ние сме на 4.место пред Прилеп и Борец
Вардар Јуниор профитираше на плеј-аут табелата, ние сме на 4.место пред Прилеп и Борец

Вардар Јуниор профитираше на плеј-аут табелата, ние сме на 4.место пред Прилеп и Борец

Викендов официјално заврши  регуларниот дел од сезоната во машката ракометна Супер лига. По крајот на истата е познато  кои тимови одат во плеј-аут лигата во која ќе се избегнува испаѓањето, а кои се екипите  ќе атакуваат на круната во  плеј-оф сегментот.

Покрај момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, екипата на Вардар Јуниот во  плеј-аут лигата ќе бидат и тимовите на: Охрид, Струга, Радовиш, Прилеп и Борец. Според пропозициите   меѓусебни дуели се сметаат  во новата табела, па   бодовите се поинакви од оние кои тимовите ги имаат на табелата каде се сите десет состави. Вардар во регуларниот дел заврши претпоследен со 12.бода, а  на новата табела  е место погоде (4.позиција) поради тоа што успеа да собере повеќе поени во дуелите со овие шест екипи од тимот на Прилеп. Отворено прашање е баражот кој треба да го избегнеме, 5.позиција носи бараж со 2.пласираниот тим од Првата лига. Повеќе од извесно во однос на квалитетот на ростерот дека велешки ГРК Борец ќе остане закован на дното, место кое носи во понизок ранг.

Плеј-аут табела:

1.Охрид 27 бода
2.Струга 25 бода
3. Радовиш 18 бода
4. Вардар Јуниор 12 бода
5. Прилеп 10 бода
6.Борец 0 бодови