Кошаркарите на Вардар ја забележаа првата победа оваа сезона. “Црвено – црните” во 1/8 финалето во Купот на Македонија се сретнаа со тимот на Пелистер кој високо го поразија и се пласираа во 1/4 финалето.
Вардарци во текот на целиот натпревар беа подобар тим и заслужено стигнаа до првата победа оваа сезона. Уште по првата четвртина нашите кошаркари дојдоа до водство од 25:13. Потоа разликата само се зголемуваше, на полувреме се замина со предност на Вардар од дури +32. На крај нашиот тим победи со резултат 108:54. Во нашиот тим најпрецизен играч беше Даниел Калов со 20 поени, Митков и Адекунле постигнаа по 18.
Во 1/4 финалето Вардар ќе игра против второлигашот Гостивар.