Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прв натпревар во новата година за РК Вардар, вечерва од 17-45 часот гостува Нексе
Прв натпревар во новата година за РК Вардар, вечерва од 17-45 часот гостува Нексе

Прв натпревар во новата година за РК Вардар, вечерва од 17-45 часот гостува Нексе

Прв натпревар во новата година за екипата на РК Вардар. Вечерва со почеток од 17-45 часот во С.Ц. Јане Сандански во рамките на СЕХА-лигата ќе гостува екипата на Нексе. Овој како и наредниот натпревар за три дена против Горење во истово натпреварување, ќе бидат загревање, но и добра подготовка за натпреварот од лигата на шампиони против екипата на ППД Загреб. На првиот дуел одигран во Нашице, црвено-црните славеа со резултат 27:30, а  најефикасен на тој меч беше Лука Циндриќ со девет постигнати голови.

Интересно е да видиме со кој состав вечерва ќе излезе тренерот Раул Гонзалес со оглед дека девет ракометари беа дел од СП и сеуште немаат доволно тренинзи со остатокот од тимот кој остана во Скопје да се подготвува. Најверојатно ќе се даде одмор на Жоан Кањелас кој имаше мала повреда на СП, здобиена во четвртфиналето на неговата репрезентација против Хрватска, како и на Лука Циндриќ кој најдолго се задржа на мундијалот каде го освои четвртото место. Под мала повреда е и голманот Страхиња Милиќ, кој исто така треба да добие поштеда на денешниот натпревар. Останатите играчи би требало да се подготвени за мечот со Нексе, кој рековме ќе биде добро загревање, но и за темпирање на формата пред главните натпревари во лигата на шампиони. Од таборот на Нексе, нивниот тренер Хрвое Хорват се надева дека неговата екипа ќе го искористи заморот на голем дел од нашите играчи кои беа на СП и ќе се обиде да направи некакво изненадување. Во тимот ќе ги нема повредените Јосип Божиќ, Павлетиќ и Томислав Нујиќ.

Вардаровата и Македонската публика ќе може да го проследи натпреварот за цена од само 50 денари, билет кој може да го набави пред билетарницата на С.Ц. Јане Сандански.