Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Во плеј-офот Вардар на „мегдан“ со Баскет Кам, Бадел против К.Паланка
Во плеј-офот  Вардар на „мегдан“ со Баскет Кам, Бадел против К.Паланка

Во плеј-офот Вардар на „мегдан“ со Баскет Кам, Бадел против К.Паланка

Завршија сите 6.рунди  од Супер лигата во женска кошаркарска конкуренција, по крајот на истата познати се екипите кои ќе играат во плеј-офот за титулата помеѓу кој и ЖКК Вардар.

Екипата на Бадел 1862 заврши како првопласирана во регуларниот дел од сезоната во Првата лига-жени.

Нашиот најтрофеен женски колектив во последните години, беше прв во првата фаза, остана на истата позиција и по шестте натпревари од Суперлигата.

Во дуелот кој директно го одредуваше пласманот во Суперлигата, „баделки“ загубија од Баскет КАМ, за прв пат во оваа сезона. Но ја одбранија предноста од десет поени која ја имаа по победата н гостински терен во Каменица.

Согласно со тоа, иако и двете екипи завршија со идентичен број на бодови, Бадел 1862 го добива број 1, и во плеј-офот за шампионската титула, но и во Купот на Македонија.

БАДЕЛ 1862 – БАСКЕТ КАМ 54:57

Дербито во „Независна Македонија“ донесе доста нервозна, и не баш ефикасна игра на двете страни од игралиштето. Евидентно, важноста на оваа средба, која одредуваше која д ддвете најдобри екипи во овој момент ќе ја има подобрата стартна позиција во доигрувањето, но и во Купот на Македонија, си го направи своето.

Во првиот дел од играта гостинките од Каменица имаа предност, но не изразена со некоај висока разлика, така беше и на полувремето, кое Баскет КАМ го доби со резултат (35:32).

Но работите се сменија со почетокот на третата четвртина, Минути во кои Бадел 1862 направи серија од (13-2) и го превзема водството. Поведоа девојките во „сино-жолта“ комбинација со највисоките (45:37), како што стоеше на семафорот во 25.минута од играта.

До крајот на тој дел од игра, девојките од Каменица повторно го вратија резултатот во егал.

А решавачки за конечниот победник на дербито беа последните минути во кои гостинската екипа успеа да му го нанесе првиот пораз на лидерот.

Во најголема мерка по заслуга на одличната Гобељиќ која реализираше дабл-дабл од 23.поени и 10.скока. Иако стигна до 17.поени, Митрашиновиќ имаше многу низок процент на реализација (19% од поле).

Бадел 1862 имаше доста побалансиран напад во кој Трајчевска даде 18.поени, Стојановска имаше 13, а Димова уште 10.поени.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 60:80

Гостинките брзо направија голема предност. На крајот на првата четвртина, „вардарки“ поведоа со (20:6), а до полувремето обезбедија недостижна предност од 26.поени (48:22).

Без Едина Муса, Работнички и дефинитивно не е достоен ривал за другите екипи во Суперлигата, што дојде до израз и на оваа последна, за нив средба во сезоната.

По овој пораз имаат 28.бода, односно ефект од 10.победи и 8.порази, но поради полошиот скор кој го имаат во дуелот со екипата на Крива Паланка (два порази во суперлигашките дуели), девојките од „Градски парк“ ја завршија оваа сезона на 5. место во Суперлигата.

СТРУГА 2009 – КРИВА ПАЛАНКА 38:49

Инаку, во првиот натпревар од овој последен суперлигашки круг, кошаркарките на Крива Паланка како гости славеа победа над Струга 2009 (40:32).

Со овие два бода, како и поразот на екипата на Работнички, тимот од Крива Паланка се искачи на четвртото место на табелата и обезбеди учество во плеј-офот за шампионската титула.

А во полуфиналето на плеј-офот, ќе се сретнат:

(1) Бадел 1862 – (4) Крива Паланка

(2) Баскет КАМ – (3) Вардар

СУПЕРЛИГА – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Струга 2009 – Крива Паланка 38:49

Бадел 1862 – Баскет КАМ 54:57

Работнички – Вардар 60:80

ТАБЕЛА: Бадел 1862 35, Баскет КАМ 35, Вардар 32, Крива Паланка 28, Работнички 28, Струга 2009 26

* Екипите на Баскет КАМ, Бадел 1862, Вардар, Крива Паланка, обезбедија место во полуфиналето плеј-офот

**Поради подобар скор во меѓусебните дуели, Бадел 1862 е пред Баскет КАМ, а Крива Паланка е пред екипата на Работнички