Голманите се важен дел од екипата, а Вардар секогаш имал млади талентирани голмани. Бојан Димковски кој сезонава работи со голманите во Академијата на клубот, секојдневно и максимално се посветува на работата со неговите „пулени“. Гледа да го извади најдоброто од сите млади голмани кои напорно и посветено ги одработуваат поставените задачи.
На вчерашниот голмански тренинг присутни беа Андреј Данстак и Максим Краљевски (2006), Јовица Спасовски и Даниел Исајловски (2007), како и Дарко Јовчев и Лука Ѓоргиевски од генерација 2008. Погледнете фотографии од голманскиот тренинг.