Во последното, 6.коло од Супер лигата, ЖКК Вардар дојде до убедлива победа. Девојките на Наков вчера гостуваа во големата сала „Кале“ кај ЖКК Работнички и го совладаа со резултат 60:80.
Првата четвртина најави наша доминација на оваа средба најпрвин поведовме со поените на Петрушевска, Пејковска, Наковска и на крајот Подунавец со високи 0:13. Овој период го добивме со резултат 6:20, до крајот на првото полувреме нашата предност додатно нарасна, на пауза заминавме со 26.поена повеќе (22:48) и најавивме нова сигурна победа.
Во вториот дел имаше иста слика на теренот црвено-црните дами го контолираа напреварот, победата дојде со 20.поена повеќе односно со резултат 80-60.
Вардаров прв стрелец беше Подунавец Ананстасија со 19.поена и 12.скока, Пејковска погоди 17.поена по 8.поена впишаа Наков Славица и Јована Петрушевска.