По пауза од еден викенд, во кој требаше да се одигра завршниот Ф-4 турнир во Купот на Македонија ( истиот се одложи поради деновите на жалост за април) овој викенд се враќаат возбудувањата во женската Прва кошаркарска лига. Вардарки за време на паузата беа второпласиран тим на табелата зад тимот на Бадел.
Во ова 14.коло сме домаќини ( во С.р.ц“Кале„) на тим од дното, станува збор за екипата на Трокал, која заедно со Шкупи и Клубски Патриот имаат досега само по една победа во лигата. Девојките на Жаклина Стојановска се апсолутни фаворити на оваа средба. На првиот дуел одигран во гости победивме со убедливи 18 – 75.