Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Милосављев собра најмногу одбрани во СЕХА-лигата, неговиот просек е 9 интервенции по натпревар
Милосављев собра најмногу одбрани во СЕХА-лигата, неговиот просек е 9 интервенции по натпревар

Милосављев собра најмногу одбрани во СЕХА-лигата, неговиот просек е 9 интервенции по натпревар

Дејан Милосављев се покажа како одлична замена за Штербик, на голот на Вардар. Репрезентативецот на Србија брани одлично оваа сезона и се наоѓа на првото место според бројот на одбрани во СЕХА-лигата.

Милосављев заедно со голманот на Нексе, Морено Цар имаат собрано по 108 одбрани, со што го делат првото место според оваа статистика. Милосављев настапи на 11 натпревари во СЕХА-лигата, од кои дури на 7 меча имаше двоцифрен број на одбранети топки, или неговиот просек е 9 одбрани по натпревар.

Голманот на Нексе пак настапи на три натпревари повеќе од нашиот голман, Морено Цар има запишано 14 настапи за Нексе, па Милосављев според статистиката е најдобар голман до овој момент во СЕХА-лигата. На третото место се наоѓа голманот на ППД Загреб, Кастелиќ кој има вкупно 97 одбрани.