Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар никогаш нема загубено од Кристијанштад, очекуваме лесна победа!
Вардар никогаш нема загубено од Кристијанштад, очекуваме лесна победа!

Вардар никогаш нема загубено од Кристијанштад, очекуваме лесна победа!

Шведскиот претставник, тимот на Кристијанштад е омилена „жртва” на нашиот Вардар. „Црвено – црните” досега немаат доживеано ниту еден пораз од овој скандинавски тим, а силите ги одмериле вкупно на седум наврати. Овој податок вели дека Вардарци во сабота треба да имаат лесна задача иако играат на гостински терен, последен во оваа групна фаза.

Исто така следниот противник на Вардар е во серија од три порази едно по друго, два во Лигата на шампионите од Барселона и Keлце и еден крајно неочекуван во домашното првенство од Хамарби кој е претпоследен во шведската лига.

Сите дуели на Вардар и Кристијанштад досега:

Кристијанштад - Вардар 25:30
Вардар
– Кристијанштад 38:36
Кристијанштад – Вардар 23:28
Вардар – Кристијанштад 32:29
Кристијанштад – Вардар 23:26
Вардар – Кристијанштад 31:15
Вардар – Кристијанштад 33:25