Тимот на ЖОК Вардар ЕМ, вчера по крајот на велигденските празници се врати на обврските во плеј-офот. Ние бевме домаќини на натпревар од 3.коло во втората фаза и дојдовме до нов успех.
Вардарки вчера во Спортскиот центар „Форца“ во Скопје ја пречекаа екипата на ОК Бами Кор, на натпревар на кој доминиравме во целост успавме да дојдеме до победа со максимален број сетови. Црвено-црните дами победија со резултат 3-0 и остануваат на втората позиција на табелата која носи бараж за влез во Првата одбојкарска сениорска конкуренција. По сетови резултатот изгледаше вака, првиот го добивме со резултат 25-16, поведовме со 2-0 по еден релативно израмнет втор сет во кој победивме со 26-24, во последниот триумфиравме со и 25-23.