Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар домаќини на PK Бисинов
Пионерите на Вардар домаќини на PK Бисинов

Пионерите на Вардар домаќини на PK Бисинов

Избраниците на Зоран Петковски-Зенга, пионерите на РК Вардар 1961 започнаа со победа во пролетниот дел, во втората рунда во 2022 ги очекува нов предизвик, единствениот тим кој успеа да ги совлада оваа сезона.

Вардарци во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје го пречекуваат тимот од градот Велес, екипата на РК Бисинов. Натпреварот од осмото коло е закажан за сабота, 30.април со почеток во 18-00 часот.  За судии се делегирани Драгана Начевски и Николов Матеј на оваа средба од  Групата-А.