Кадетите на ФК Вардар, денес во рамки на 20.коло беа домаќини на скопскиот ривал, тие беа совладани со резултат 1-4 на средбата со ФК Македонија Ѓорче Петров. Нашите момци имаа предност и поволен резултат на полувреме, но потфрлија во вториот период.
Вардар започна со овие 11: Данстак Андреј, Ивановски Лука, Здравковски Симеон (К), Таневски Кристијан, Петровски Андреј, Јовановски Филип, Анчевски Никола, Алији Алтин, Цветков Горјан, Алексоски Андреј и Блажевски Филип.
Дуелот започна рамноправно со блага теренска иницијатива на црвено-црните кадети на денешниот суперлигашки натпревар, имавме прилики за погодок и успеавме први да отвориме со гол на оваа средба. Се играше 27.минута кога Цветков Горјан успеа да погоди и ни донесе предност од 1-0. Предноста ја зачувавме до пред самиот крај, ривалот во последната, 45.минута стрелаше за резултатска симетрија 1-1. Со тој резултат се замина на одмор на оваа средба.
За жал многу лошо отворивме во вториот дел, по само една минута гостинот направи целосен пресврт и поведе со 1-2. Ние се отворивме и се обидовме да изедначиме, тоа го искористи противникот и погоди уште два пати. Со нивните погодоци во 53 и 83.минута тие дојдоа до „цел плен“ и победа со три гола предност, односно со резултат 1-4 на овој дуел.
Во игра кај нас влегоа и: Славев Мартин, Недељковиќ Лука и Абаз Мануел.