Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Младинците одиграа реми со тимот на Македонија ЃП
Младинците одиграа реми со тимот на Македонија ЃП

Младинците одиграа реми со тимот на Македонија ЃП

Денес, на теренот при Тренинг камп Хиподром, младинците на ФК Вардар беа домаќини на екипата на ФК Македонија Ѓорче Петров. На оваа средба како и на кадетската отворивме со предност, сепак на крајот моравме да се задоволиме со бод. Натпреварот заврши реми 1-1 (1-0).

Младинците започнаа со овој состав: Стојковски Лука, Трпезановски Дарко (К), Серафимов Давор, Стојилевски Марко, Каровски Сандро, Дошев Ѓорѓи Давидоски Петар, Величковски Никола, Живков Славче, Стојановски Стефан и  Здравковски Огнен.

Првиот период го започнавме со офанзивна игра, истиот го завршивме со предност за црвено-црните момчиња. Нашите напори за водство резултираа со погодок во 37.минута. За вардаровиот младински тим успеа да погоди Величковски Никола со чиј погодок дојдовме во водство на  нешто повеќе од 8.минути до крајот  на првиот период. Успеавме да ја задржиме прдноста и на одмор заминавме со гол позитива на овој суперлигашки дуел.

Во вториот период од 45.минути атакувавме и сакавме да ја удвоиме предноста со цел да дојдеме до три бода. За жал не ја погодивме мрежата на гостинот од скопската наслеба Ѓорче Петров. На 17.минути до крајот на регуларните 90 на оваа средба, ривалот успеа да дојде до резултатска симетрија. Во 73.минута Македонија ЃП изедначи на 1-1, резултат кој подоцна ќе се покаже како конечен на оваа средба од 20.коло во младинската Супер фудбалска лига.

Во игра на оваа средба од клупата кај нас влегоа: Ибраим Левент,  Илиевски Мартин и Хасани Абдулах.