Вчера во дуел од 2.коло во Македонската кугларска лига екипата на КК Вардар беше домаќин на тимот на КК Империал Тобако ТКС. Во овој дуел кој се играше во кугланата ВИП при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје црвено-црните дојдоа до победа 6-2. Тие имаат одличен старт на сезоната бидејќи иако ослабени во транфвер-периодот тргнаа со две победи од два одиграни дуели сезонава.
Средбата се играше на патеките 5-8 во ВИП кугланатa при СЦБТ, ние во сетови победиве со 13-11, впишавме 3272 соборени “дрва“ што беше за 48 повеќе од ривалот кој собори 3225. По првиот пар во кој настапија за нас Капитенот Димковски Миле и Поп-Крстев беше реми 1-1, но во “дрва“ нашиот ривал беше во предност. И по настапите на Влатко Стојановски и Коста Ристевски резултатот беше нерешен 2-2. Во последниот пар за нас настапија Маријан Згонц и Дарко Димитровски. Тие остварија победи со кои поведовме со 4-2, а нивниот учинок ни донесе поради подобриот екипен скор уште 2 поени со кој победивме со комотни 6-2. Во нашите редови најдобар скор имаше Димитровски Дарко кој собори 564 “дрва“. Во јуниорската средба нашиот ривал триумфираше со 1-3.