Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар: Апел до гледачите кои ќе бидат на стадион во четврток
ФК Вардар: Апел до гледачите кои ќе бидат на стадион во четврток

ФК Вардар: Апел до гледачите кои ќе бидат на стадион во четврток

Фудбалскиот клуб Вардар излезе со соопштение до гледачите за натпреварот со Реал Сосиедад, истото ви го пренесуваме во целост:

Интересот за натпреварот помеѓу Вардар и Реал Сосиедад е голем. Затоа Фудбалскиот клуб Вардар апелира сите гледачи да дојдат на стадионот порано. Во спротивно клубот не може да гарантира правовремен влез на стадионот. Вратите на стадионот се затвораат во 18:30 часот, половина час пред почетокот на дуелот.  

Апелираме на сите посетители на стадионот дека седењето на скали е строго забрането. Секој кој ќе биде затекнат да седи на скалите, ќе биде опоменат од обезбедувањето, и доколку не го завземе своето место, ќе биде отстранет од стадионот.

Играчите посакуваат полни трибини и одлична атмосфера во четврток за да можат да стигнат до првите бодови во групната фаза од Лигата на Европа.

Натпреварот Вардар – Реал Сосиедад се игра во четврток во 19 часот. Апелираме навивачите спортски да го поддржат нашиот тим во согласност со прописите и законот, без извици и пароли на национализам и расизам.

Се гледаме во четврток на стадион! Уживајте во натпреварот и навивајте за Вардар.

Продажни места на билети може да најдете на следниот ЛИНК.