Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи домаќини на Победа, кадетите и младинците гостуваат во Прилеп
Пионерските екипи домаќини на Победа, кадетите и младинците гостуваат во Прилеп

Пионерските екипи домаќини на Победа, кадетите и младинците гостуваат во Прилеп

Утре на програмата е седмото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за Вардаровите генерации е тимот на Победа од Прилеп. Пионерските екипи се домаќини на теренот на академијата, додека кадетите и младинците гостуваат во Прилеп. Натпреварите започнуваат во термините од 10 и 12 часот.

Дербито е кај помладите пионери на двете екипи, каде Победа е на првото место со максимален број на освоени бодови (18), додека Вардарци имаат вкупно 16 бодови. Ова ќе биде натпревар за првото место на табелата, со евентуален триумф црвено-црните ќе го превземат врвот во оваа возрасна генерација. Пионерите пак ќе ја бараат својата втора победа во лигата, засега имаат само еден триумф, четири нерешени резултати и еден пораз. Ова е можност да се вратиме во победнички колосек и да сврземе неколку мечеви каде ќе ги освојуваме сите три бода.

Кадетите во добра атмосфера ќе го дочекаат гостувањето во Прилеп, со оглед дека избраниците на Колев во минатото коло убедливо го добија дербито со Победа (9:1). Тие по шест одиграни кола имаат учинок од три победи, два порази и еден нерешен резулат. Младинците на Вардар ќе бидат драстично ослабени на овој натпревар, со неиграњето на дури четворица стандардни играчи, кои се со репрезентацијата до 18 години во Босна. Се работи за голманот Велковски, како и играчите Колевски, Антовски и Наумчески, кои се најчесто стартери во составот кој го предводи Ѓорѓиевски. Ќе видиме со каков состав ќе излеземе на утрешниот натпревар, но сигурно е дека ќе биде тешко да се освојат бодовите на ова гостување.