Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема одмор за Европскиот и Балкански шампион, денес ни гостува ППД Загреб
Нема одмор за Европскиот и Балкански шампион, денес ни гостува ППД Загреб

Нема одмор за Европскиот и Балкански шампион, денес ни гостува ППД Загреб

Европскиот и балкански шампион, екипата на РК Вардар денес игра нов натпревар и тоа повторно пред својата публика. Во рамките на СЕХА-лигата црвено-црните се домаќини на тимот на ППД Загреб, натпревар кој ќе стартува со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански.

Со денешнииот противник силите ги одмеривме и пред две недели, кога во рамките на третото коло од најсилната група А во ЛШ, триумфиравме убедливо со резултат 28:21, исто така во нашата арена. Како и што најави нашиот капитен на прес-конференцијата добро познат противник, со кој седма година по ред се натпреваруваме во СЕХА-лигата, а на неколку пати имаме играно и на завршниот турнир во ова натпреварување. Минатата сезона во регуларниот дел на лигата по една победа им припадна на двете екипи, за во полуфиналето на Ф4 кој се играше во Брест да се сретнеме со ППД Загреб и да триумфираме убедливо.

Кај Вардар на денешниот натпревар ќе недостасува пикерот Мораес Фереира, кој доби незгоден и силен удар во носот, на мечот против Барселона и врз кого беше направен хируршки зафат. Бразилецот сигурно ги пропушта следните два меча во СЕХА-лигата, додека незивесен е и за наредниот дуел на Вардар во лигата на шампионите. После повредата на терен се врати Игор Карачиќ кој доби мала минутажа на дуелот со Барса. Денес на голот треба да го видиме и Страхиња Милиќ, кој се уште нема одиграно натпревар за Вардар оваа сезона, ако се земе исклучок дека беше во составот на Раул Гонзалес на последните два дуели во ЛШ, но не доби можност да влезе, освен на мечот со Барса, каде бранеше еден удар од седум метри. Ќе видиме со каков состав ќе излезе и ќе настапи Раул Гонзалес, со оглед дека поголема минутажа на позицијата десен бек треба да добие и Даинис Кристопанс, кој беше во сенка на Македа, на натпреварот против каталонците. Тука е и Владо Недановски, кој треба да го одмори Дибиров, како и Јана Војводиќ и Карачиќ, кои би требало да одработат најголем дел од мечот на позицијата среден бек.

Како што истакна Гонзалес, Вардар е фаворит но тоа треба да се потврди на теренот. Се наоѓаме на првото место на табелата, каде имаме четири победи од исто толку мечеви, додека Загреб на пет одиграни дуели има три победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Шампионот на Хрватска денес ќе биде во комплетен состав, а нивни најдобри стрелци во СЕХА-лигата се Мандалиниќ, Хорват и Вуглач.  Цената на билетите е 50 денари и продажбата се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и он лајн преку www.ticketplus.mk.

За сите кои нема да бидат во сала, пренос од натпреварот ќе има на МРТ-1. Очекуваме нова добра игра на Вардар и секако нова победа.