Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Седум играчи на РК Вардар, во составот на кадетската репрезентација, за меѓународниот турнир во Полска
Седум играчи на РК Вардар, во составот на кадетската репрезентација, за меѓународниот турнир во Полска

Седум играчи на РК Вардар, во составот на кадетската репрезентација, за меѓународниот турнир во Полска

Во периодот од 26 до 29 октомври машката кадетска ракометна репрезентација ќе биде дел од силен меѓународен турнир во Полска. Првиот собир селекцијата предводена од Данило Брестовац ќе ја имаат на 22-ри октомври, а на истиот се повикани седум играчи од ракометниот клуб Вардар.

Се работи за голманите на Вардар Јуниор кои се натпреваруваат во супер лигата, Марко Кизиќ и Андреј Петковски, потоа бековите Тони Атанасовски, Мартин Карапалевски и Васе Наков, крилото Ален Ќосевски и пикерот Мартин Мајсторовски.  Кадетската репрезентација се подготвува за Светското Кадетско Првенство што во 2019 година ќе се игра во нашата земја.