Петти натпревар по ред во новата сезона на лигата на шампиони, Арпад Штербик има двоцифрен број на одбранети удари и е еден од најзаслужните за добрите игри на Вардар. Стана вообичаено да се наоѓа во изборот за најдобри пет одбрани или во најдобриот тим на колото. Така беше и во минатото коло, кога со 15-те одбранети удари против Барселона се најде во идеалните седум, како најдобар голман.
Гласајте за Арпад Штербик, да биде прогласен за играч на колото во ЛШ, на линкот ТУКА.