Во драматична завршница ја совладавме Швајцарија со минимални (68:67), како доказ плус за она што го имаме во оваа селекција
Иако имавме почетни (20:5) во првата четвртина, сосема солидни (35:23) на полувреме тоа не беше гаранција за триумф против упорните девојки од Швајцарија.
Но имавме добар финиш, малку среќа, доволно да дојдеме и до втор успех на „Челенџерот“ во Софија.
ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 67:68 ( 5-20; 18-15; 29-15; 15-18)
Одлична прва четвртина одиграа нашите јуниорки на затворањето на турнирот во Софија. Одигравме особено добро во одбраната. На противникот му дозволивме да реализира само пет поени. На другата страна, предводени од Чолакоска, нашит тим делуваше доста добро и во офанзивниот дел. Го добивме тој период со убедливи (20:5).
Многу поизрамнето се играше во втората четвртина во која противникот востпостави играчка и резултатска рамнотежа. Но нашите девојки ги одбија тие напади, и на полувремето пренесоа доста солиден плус од 12.поени, (35:23).
Период од играта во кој Чолакоска стигна до 12.реализации, Блажевска имаше осум, а Димитријевиќ и Зафирова по шест.
По одморот следуваше голем пад во играта на нашата селекција. Со серија од (19-5), Швајцарија дури и го превзема водството, поведе со (42:40).
Серијата, со тројка, ја прекина нашата најдобра кошаркарка, Чолакоска, која ја врати предноста, макар и минимална, на наша страна (43:42).
На 06:15 минути пред крајот бевме во заостанување и од седум поени (55:62).
Но нашите девојки покажаа храбро срце, големи мотиви и уште поголема желба да покажат дека онаа вечер со Словенија беше само една лоша.
Не само што ја стигнаа, туку и ја престигнаа таа предност на Швајцарија. Навистина во последниот напад Блажевска згреши, им даде шанса на противничките при резултат (68:67) за Македонија.
Но потегот на денот повторно го имаше Чолакоска, која за момент ја прекина акцијата-додавањето кон Мартинез, која пак од очај ја фрли топката кон нашиот кош, безуспешно.
За голема радост на нашите млади кошаркарки кои ја прославија и втората победа на турнирот, по онаа вчера над Албанија. Па со скор од две победи и три порази се враќаат назад во Скопје.
Вардарки блеснаа, и погодија 32.поена и тоа: Ива Чолакоска 17 поена, Нина Зафирова 13, а Христина Ставревска реализира 2.