Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар 1961 ги исполни барањата на ЕХФ – потврдено учеството во Лигата на шампионите
Вардар 1961 ги исполни барањата на ЕХФ – потврдено учеството во Лигата на шампионите

Вардар 1961 ги исполни барањата на ЕХФ – потврдено учеството во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација го информираше Вардар 1961 дека е потврдено играњето на клубот во лигата на шампионите во сезоната 2021/2022.
Кон Вардар1961 беа поставени одредни дополнителни барања за целосно потврдување на местото во ЛШ. Клубот во предвидениот рок, заедно со ЕХФ најде решение за поставените барања, истите ги исполни со што нема пречки и дилеми околу нашето играње во групната фаза од ЛШ.
Истото известување за исполнување на условите е испратено и до сите екипи во ЕХФ лигата на шампионите.
Во новата сезона Вардар1961 ќе игра директно во групната фаза од ЛШ заедно со екипите на ПИК Сегед, Киле, Алборг, Мешков, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.